ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ребаланс на Буџетот во мај или јуни во собраниска процедура, најавува Бесими

Ребалансот на Буџетот најверојатно во мај или јуни ќе се најде во собраниска процедура, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на економскиот форум „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?” што го организира „Finance Think“.

Advertisements

Во своето обраќање, Бесими откри дека во ребалансот неизбежно е дефицитот да биде поголем.

– Тоа е неизбежно, за да можеме со овие политики да реагираме соодветно навремено и со соодветен обем. Тоа е исто како со антибиотикот – ако не го дадеш на време и во точна количина или ако не се доволни дозите, тоа ќе создаде пореметување на организмот. И тоа е за нас предизвик, рече Бесими.

На нула ќе бидат сведени трошоците за мебел и возила и ќе има реструктуирање внатре во ресорите каде нема доволна реализација на проекти за да се финансираат новите потреби. Се очекува, како што рече, подобра реализација на планот на приходите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button