ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ребалансот на буџетот, следната недела пред пратениците

Ребалансот на буџетот наредната недела најверојатно ќе се најде пред пратениците. Од Владата информираа дека предлогот за прекројувањето на државната каса, кој вчера беше изгласан на Илинденска е веќе испратен во Собранието и очекуваат од понеделник, службите да го достават до народните избраници.

Advertisements

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, преку соопштение, истакнаа дека предложениот ребаланс нема да ја промени актуелната економска состојба и со него ќе продолжел, како што велат, економскиот хаос.

„Кратењето на капиталните инвестиции докажува дека оваа власт нема ниту план ниту визија како Македонија да излезе од економската криза, за која самата е одговорна. Ако на ова се надоврзе лошата реализација, тогаш доаѓаме до заклучок дека нема да има речиси никаква активност на владата на овој план, што е клучен за економијата. Ребалансот на буџетот покажува дека оваа влада во услови на криза предвидела стотици милиони евра непродуктивни трошоци, од кои само дел се кратат“, изјаваат од  ВМРО-ДПМНЕ

Засега не се знае како активната блокада на Собранието, која ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ, ќе влијае на гласањето на ребалансот. Пратеникот Никола Мицевски, кога беше најавена опозициската блокада на Собранието, кажа дека партијата ќе блокира се што е штетно за граѓаните, но дека на расправата за ребалансот ќе учествуваат активно, преку забелешки.

Од владејачката партија очекуваат кај колегите од опозицијата да надвладее разумот. Социјалдемократите се убедени дека владиниот предлог ќе биде изгласан.

„Ребалансот ќе се најде за многу скоро пред пратениците, јас не очекувам дека ќе биде блокиран напротив ние како владејачко мнозинство сме подготвени да ги искористиме сите алатки и сите можности којшто ги дава и деловникот се со цел да го донесеме и ребалансот и останатите закони затоа што е важно во вакви услови кога се соочуваме со енергетска и економска криза“, изјави  Дарко Каевски – портпарол на СДСМ

Согласно собранискиот Деловник, расправата за ребалансот може најмногу да трае пет дена, по што се преминува на гласање. На последното гласање за прекројување на државната каса, од април минатата година, јавноста сведочеше на тензии и меѓусебни напади меѓу пратениците од власта и опозицијата. Мнозинството тогаш едвај успеа да создаде кворум за гласање, бидејќи опозицијата најави дека ќе ја напушти салата, па актуелната министерка за култура, заболена од коронавирус, се појави во скафандер. Тогаш од Владата велеа дека ребалансот се носи поради антикризни мерки, за помош на стопанството и граѓаните. /Алсат.мк

Лука Андреев 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button