ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Речиси 7 години по поплавите во Сингелиќ, институциите не успеаја да го исчистат каналот

Со години централните и локалните институции не успеваат да го исчистат и изградат коритото на каналот во Сингелиќ. Седум години по поплавите каде што животот го загубија 22 лица, тој е во иста состојба. Освен отпад, на само половина метар над загадената вода има и кабли за струја. Адем Исмаили, чија куќа се наоѓа на само неколку метри од каналот, вели дека сè додека градоначалниците не си ја завршат работата за која се изгласани, жителите ќе живеат во страв од повторување на страшни поплави.

Advertisements

„Нашето барање е овој канал да се заврши еднаш засекогаш. Ветувања и јас самиот не знам колку дадоа. Брадата и косите ни побелеа. Доаѓаа и заминуваа министри, Тито дојде и си замина, каналот остана вака. Кина направи болница за 5 милиони жители за 24 часа, а тука 46 години не успеаја барем да го исчистат каналот“, рече Адем Исмаили- жител на Сингелиќ

„Во оваа куќа почина човек затоа што куќата се наполни со вода. Проекти не можам да кажам колку наводно направиле. Како да не се плашиме… Така ни било пишано. Можеби утре ќе се направи, но надежта е изгубена, затоа што ви велам, веќе 60 години е вака“, рече Ќемал Јахиу- жител на Сингелиќ

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, вели дека во општинската архива не е пронајден проект за санирање на каналот.

„Во консултација со компетентни лица започнуваме со процедура за изработка на проект за овој канал, а одржавме и неколку средби со Министерството за животна средина каде се согласуваме дека во една од програмите на министерството за поддршка на општина Гази Баба, и еден од проектите е за вклучување на каналот во Сингелиќ. Се надевам дека овој неколкугодишен проблем конечно во текот на 2022 година ќе може да го види почетокот на решението“, изјави Бобан Стевковски – претседател на Гази Баба.

Градоначалникот вели дека ќе ангажира службеници за да го следат чистењето на каналите. Одговорно за чистење е ЈП „Водостопанство“, на чија сметка секоја година општините депонираат одредена сума.

„Се надеваме дека за кратко време ќе започнеме со чистење на каналот во Сингелиќ. Сепак, градоначалниците мора еднаш засекогаш да најдат решение за овој проблем“, изјаваат од Визард- ЈП „Водостопанство“

На 06 август 2016 година во северните делови на Скопје падна пороен дожд, над 90 литри на метар кубен. Во поплавите во Сингелиќ и Стајковци загинаа 22 лица, а оштетени беа многу домови. /Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button