Речиси 7 месеци по пожарот во Тетово сè уште ништо од извештајот на обвинителите

Речиси 7 месеци по тешката трагедија во модуларната болница во Тетово сè уште нема ништо конкретно од извештајот на обвинителите од случајот. Остануваат прашањата што всушност се случи ноќта на 8 септември и како 14 лица ги загубија животите. Германското вештачење пристигна во јануари, но следен чин е реферирањето пред главниот обвинител Љубомир Јовевски.
За оваа катастрофа да биде уште поголема и понатаму не се отстрануваат остатоците од објектот, па секогаш кога тука ќе поминат членови на семејствата кои загубиле свои најблиски, ги гледаат околу улицата.
Тетовци, пак, го изразуваат својот револт за доцнењето на правосудните институции. Бараат навреме да се расветлат ваквите чувствителни случаи за ушто повеќе да не се повредуваат членовите на семејството и роднините на загинатите.
„Правда мора да има за секого, но сите бегаат од она што се случи. Колку ќе се работи за да излезе вистината на виделина, не знам. Добро да се расчисти…“
„Тоа мора да се расчисти, вистината мора да излезе на виделина. Но, не верувам да бидам искрен“, рекоа граѓаните.
Од првичните резултати од предистражната постапка, која е веќе завршена, беше наведено дека пожарот настанал како последица на оштетување на продолжниот кабел на кој бил приклучен и дефибрилаторот. Досега, според информациите на обвинителството, биле сослушани десетици лекари и медицински сестри кои биле на работното место во текот на ноќта, а доброволно дале исказ и некои граѓани кои биле во модуларната болница во моментот на несреќата.
Башким Сулејмани