Речиси половина од учениците одобруваат врсничко насилство

Дури 45% од учениците во земјава сметаат дека е во ред некој да ги удри или тие да удрат некого, додека 36% редовно ги решаваат споровите со физичко насилство. Само 29,6% од учениците се изјасниле дека се чувствуваат безбедно на училиште. 14% биле жртви на насилство минатиот месец, а околу 10% биле принудени на насилство. Според Коалицијата на младински организации „СЕГА“, овие факти покажуваат дека насилството во училиштата е многу присутно меѓу врсниците.
Покрај физичкото насилство, најчеста форма на насилство меѓу младите е и насилството кое е познато како „Сајбер-малтретирање“.
„Често наидуваме на поплаки за различни видови насилство кои се случуваат во средните училишта низ РСМ, како физичко насилство, вербално насилство, сајбер-малтретирање и разни други видови кои се случуваат во училиштата. Конкретно не сум сретнала никаков вид на насилство, но бев присутна при дискусиите на врсниците кога ги изразија своите поплаки за насилството што го доживеале“, вели Анила Шулани, Сојузот на средношколци.
Главниот фокус на оваа панел дискусија беа потребите и предизвиците на училиштата во превенција и третман на случаи на различни форми на насилство. Учествуваа наставници и стручни соработници од основните и средните училишта, институции, граѓански организации и ученици.
Авни Тахири