ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Речиси половина од жените во Македонија се жртви на некакво насилство

Дури 45% од жените во Македонија доживуваат родово базирано насилство во разни форми. Најчести се случаите на физичко и психичко насилство, но не е исклучено ниту вербалното, емоционалното и економското насилство. Ова го покажува најновото истражување на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Британската амбасада и Фондот за население на Обединетите нации.

Advertisements

Од Министерството за труд велат дека оваа негативна појава во нашето општество се очекува да се ублажи со законски решенија.

Во Македонија има три СОС телефонски линии за помош на жените кои се жртви на семејно насилство. ( 02 -15-700), (141-700), (15-315). Иако работат редовно обезбедувајќи помош и совети 24/7, резултатите од проектот покажуваат дека со години службите за телефонска линија работат под тешки услови и со ограничена институционална и финансиска поддршка.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button