СПОРТФОРМУЛА - 1
Ред Бул започна истрага против директорот Кристијан Хорнер

Формула 1 тимот на Ред Бул започна истрага против директорот Кристијан Хорнер, соопшти портпаролот на австрискиот тим.
Од клубот само изјавија дека истрагата е покрената поради „недолично однесување“. Медиумите објавија дека Хорнер ги негирал овие обвинувања. Други детали од истрагата не беа прецизирани.
„Тимот започна независна истрага. Оваа постапка, која е во тек, ја води надворешен адвокат. Тимот сериозно ги сфаќа овие работи и истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро“, рече портпаролот на тимот.
Хорнер е директор на Ред Бул од 2005 година, а под негово водство тимот освои шест шампионски титули во конкуренција на конструктори./Ekipa.mk/