ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Реџепи кажа како ќе гласа на денешната седница

Јас сум опозиција, а опозицијата секогаш гласа да падне владата, рече пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд, непосредно пред почетокот на собраниската седница за интерпелација на владата. Тој додаде дека неговата партија никогаш нема да биде дела од листа или влада со партии коишто имаат анти-НАТО, анти-Косово или слични анти современи вредности.
„Стојам на ставот дека Алтернатива, како политичка партија има своја визија и никогаш нема да дозволиме да бидеме дел од која било листа или власт во која дел ќе бидат и политички партии или партија која е и анти албанска и анти НАТО и анти ЕУ и анти Косово и анти сите современи вредности“, рече Реџепи.