МАКЕДОНИЈА
Реџепи кажа зошто ја потпшал иницијативата за отповикување на владата

Иницијативата ја потпишав поради најавата на оставка од премиерот Заев, рече пратеникот Кастриот Реџепи на својата прес конференција во Собранието.
Во одговор на новинарско прашање, зошто ја потпишал иницијативата за гласање недоверба, а потоа не се појави на гласањето, тој меѓу другото рече:
„Потпишав кога после локалните избори премиерот Зев поднесе оставка. Владата немаше кормилар. Не се знаеше кој ќе биде наследник. Со тоа се нарушуваше и паѓаше во вода и целиот договор на оваа влада во која една од најглавните програмски определби се интеграциите во ЕУ.“, рече Реџепи.