ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реџепи: Меѓународните претставници сугерираа да не ја пропуштиме шансата да ги отвориме преговорите

Кастриот Реџепи во ексклузивното интервју на Алсат вели дека причина за одлуката да не гласа за уривање на Владата, било созревањето на условите за отворање на преговорите. Тој рече дека е во постојана комуникација со меѓународните претставници, и дека го убедиле да не ја пропушти шансата за отворање на преговорите.

„Во моментот кога потпишавме, премиерот Заев си поднесе оставка и во тој момент не знаевме кој е премиер. Затоа, во моментот кога се повлече потписот на премиерот Заев, во моментот кога, како и денес, не сме поблиску од кога било да го добиеме датумот за отворање на преговорите, а тоа го темелам на моите комуникации со меѓународните претставници, тие предложија дека овој момент не смееме да го пропуштиме. Мислам дека беа исполнети сите услови за да се отворат преговорите, затоа не треба да ја пропуштиме оваа шанса“, рече Реџепи.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button