ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Реџепи се пријавил во полиција, кажал и каде бил

Пратеникот Кастриот Реџепи самиот се пријавил во Полициска станица и дал изјава дека не бил исчезнат, објави МВР.
-Во врска со вчера добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, велат од МВР.