Референдум во Тетово за дислокација на коцкарниците

Движењето против коцкање и општина Тетово ќе се обидат да ги дислоцираат казината од градот преку референдум. Според нив, иницијативата доаѓа откако нацрт-законот против коцкање не ги содржи барањата на нивното движење. Јуши Емерлау од ова движење најави дека такви референдуми за укинување на коцкањето ќе се одржат и во други општини.
„Беше одлучено за многу кратко време, односно до следната седница на советот, барањето за референдум да помине на седница на Советот, а потоа да оди во изборната комисија. Ова може да потрае до 40 дена за да се организира во општина Тетово. Значи, од денот кога ќе помине на совет, за четириесет дена тоа ќе се спроведе како нормални избори “, вели Емерлау.
Градоначалникот Билал Касами за Алсат изјави дека досегашните измени се на штета на граѓаните и во корист на коцкарите.
„Ние како Движење БЕСА, но и како општина Тетово сме против овој феномен, затоа конечно Северна Македонија треба да го следи моделот на Косово и Албанија, дека казината и коцкањето треба да бидат само онлајн и под одредени услови. Ние во општина Тетово продолжуваме со истата иницијатива и сме во координација со движењето против коцкање и заедно ќе продолжиме во насока на донесување одлуки дека во Тетово, оваа активност ќе биде некомпатибилна со населениот дел и делот во близина на објекти од јавен карактер“, рече Касами.
Предлог-законот против коцкање е во собраниска процедура. Во меѓувреме, и покрај бројните реакции во јавноста, премиерот Ковачевски рече дека предлогот се заснова на европските критериуми. Законот се предлага да биде усвоен по брза постапка и покрај реакциите дека зад него стојат бизнис интереси за големи профити.
Башким Сулејмани