ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Референдумот ќе успее само ако гласаат најмалку 910.000 граѓани

Референдумот ќе успее само ако гласаат најмалку 910.000 граѓани

Од собирањето потписи на првите 100 граѓани за организирање на референдумот, па сè до негово реализирање, доколку се искористат оптималните законски рокови, може да поминат повеќе од четири месеци.
Законот за референдум предвидува граѓанската иницијатива со 100 потписи за референдум прво да се достави до претседателот на Собранието.

Advertisements

Потоа, кога и формално ќе се среди иницијативата, рокот за собирање на 150.000 потписи почнува 20 дена откако Собранието ќе ја извести Владата.

„Одлуките на референдумот на државно ниво се сметаат за одобрени доколку за нив гласало мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале, доколку гласале повеќе од половина од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список“, стои во Закон за референдум.
Тоа значи дека за референдумот да биде успешен треба да гласаат околу 910.000 граѓани, а за да се донесе одлука повеќе од половина од нив треба да гласаат „За“.

Одлуката донесена на референдумот за одлучување, мора потоа задолжително да се спроведе.

Собранието е должно во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да го уреди прашањето, поточно законот за кој е одлучено на референдумот, согласно резултатите.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button