МАКЕДОНИЈА
Реформи во судството, Хелсиншки: Сржта на проблемот се вработените во институциите

Судството не е единствениот нереформиран орган, но е најважниот, вели во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, претставничката од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Ина Џугуманова. Како што додава таа, суштината на проблемот се лицата коишто работат во правосудните органи.
„Сржта на проблемот се луѓето. Односно лицата коишто работат во овие институции. Бидејќи институциите не се згради, како што ги перцепираат некои луѓе. Тоа се всушност вработените лица коишто се таму“, вели Џугуманова.