ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реформите за борба против корупцијата се на загрижувачко ниво

Реформите за борба против корупцијата во земјата се на загрижувачко ниво, бидејќи институциите не ги спроведуваат препораките кои произлегуваат од Стратегијата за борба против корупцијата. Ова го изјави амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир. Тој рече дека владата направила малку во борбата против корупцијата.

Advertisements

„Реформите поврзани со владеењето на правото и борбата против корупцијата остануваат на загрижувачко ниво. Постојат јасни насоки за тоа што треба да се направи, кои треба да бидат приоритетите. Но, малку е постигнато. Државната антикорупциска комисија и другите државни органи вршат важна работа, но различните препораки во врска со нивната работа не се почитуваат и не се постапува во согласност со нив“, вели Гир.

Вицепремиерката за добри политики, Славица Грковска, вели дека постапува според своите надлежности, но нема одговор на прашањата за конкретни активности.

Антикорупциската комисија на почетокот на месецов соопшти дека надлежните институции реализирале само 10 отсто од активностите предвидени во Националната стратегија за борба против корупцијата. Во здравствениот сектор има нула проценти активности кои се борат против корупцијата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button