ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регионалниот пат Арачиново – Ченто, никако да се реконструира

Регионалниот пат Арачиново – Ченто, никако да се реконструира

Овој регионален пат кој се протега меѓу Арачиново и Ченто го поврзува Скопје со Куманово, што го прави еден од најфреквентните регионални патишта во државата, а воедно и најопасен.

Advertisements

Тесниот коловоз, полн со дупки, без тротоари и без осветлување, им го отежнува движењето граѓаните.
Возилата кои одат кон Скопје мора да возат на средината на патот за да се избегнат дупките и на овој начин може да предизвикаат сообраќајна незгода.

„До мостот е уредено, оттаму не. Не чинат патиштата. Еве и овде овие сокаци, еднаш ги измериле, не ги погледнаа веќе, треба и овде да се средат…“.

„Тоа е на општина Гази Баба, не доаѓа да ја среди, така останува, а до Куманово е добро.”

Од Јавното претпријатие „Државни патишта“ уветуваат дека санацијата на овој дел е планирана за 2023 година.

„Кога станува збор за регионалниот пат од Ченто до Арачиново, треба да нагласиме дека тој регионален пат продолжува до Липково и се поврзува со Куманово, а таму досега рехабилитиравме делови од патот. Во план за следната година го има овој дел, бидејќи е невозможно да се рехабилитираат сите патишта одеднаш…“, изјави Ејуп Рустеми, ЈП „Државни патишта“.

Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими, рече дека овој пат е на територијата на општина Гази Баба и таму треба да се бара одговорноста, но изрази подготвеност за меѓуопштинска соработка.

„Морам да нагласам дека имав средба со градоначалникот на општина Газибаба и ја изразив својата загриженост, бидејќи тој пат, како што кажавте, го поврзува градот, ја поврзува општина Липково, но поврзува и 15 илјади жители. Често имаме инциденти, дури и со фатални последици“, рече Ридван Ибрахими, градоначалник на Арачиново.

Од општина Гази баба не добивме одговор дали ќе соработуваат за реконструкција на овој патен правец.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button