ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистарот не ја запишува на албански јазик иницијативата „Подобро за Тетово“

Продолжуваат судирите меѓу Иницијативата „Подобро за Тетово“ и Централниот регистар. Оваа организација не може да биде регистрирана на албански јазик, иако тоа го дозволува Законот за спроведување на јазиците. Дури и Инспекторатот за спроведување на јазиците констатирал прекршок во работата на Централниот регистар.

Advertisements

„По безброј административни одолговлекувања од Централниот регистар добивме писмен одговор во кој велат дека ова институција не е во состојба да го спроведе Законот за употреба на јазиците. Како резултат на тоа случајот го пријавивме во Инспекторатот за спроведување на јазиците, а инспекторатот, по извршената проверка, утврди неправилности во работата на Регистарот. По овој одговор, повторно аплициравме за регистрација на нашата организација на албански јазик, бидејќи Законот ни дава право, но досега, иако се пречекорени сите законски рокови, не добивме одговор од Централниот регистар“, рече Елмедина Абдулахи, „Подобро за Тетово“.

Се обидовме да добиеме изјава од претставникот на Централниот регистар, но бевме упатени во Скопје. Во меѓувреме, според информациите до кои дојде Алсат барањето на иницијативата „Подобро за Тетово“ е испратено во Скопје на превод и се очекува нејзино враќање, по што ќе бидат преземени мерки за регистрација или не на ова здружение.

Иницијативата „Подобро за Тетово“ најави тужба доколку во рок од неколку дена Централниот регистар не ја регистрира на албански јазик согласно законот.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button