ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови 1.091 случај на КОВИД-19, починале 36 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Advertisements

Направени се 3.702 тестови, а регистриран е 1.091 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 586, Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39, Прилеп и Струмица – по 29, Кичево – 23, Штип и Неготино – по 22, Гостивар и Охрид – по 20, Кочани – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Струга – 11, Свети Николе – 9, Дебар – 8, Радовиш, Крива Паланка , Берово и Пехчево – по 5, Богданци – 4, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции. Регистрирани сe 2.322 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.855.720 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button