ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 14 пожари на отворено изминатите 24 часа

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), регистрирани се 14 пожари на отворено изминатите 24 часа, сите биле изгаснати.

Advertisements

– Во општина Ѓорче Петров, два пожара – во населба „Стопански Двор“ и покрај улицата „Шарпланинска“, горела сува трева, како и покрај „Качанички пат“. Во Гази Баба, два пожара – на депонија „Вардариште“ – гореле ѓубре и сува трева и покрај улицата „Ранка Милановиќ“ – горела депонија. Во Студеничани, кај село Долно Количани горело ѓубре. На територија на Битола, два пожара – кај Јавното претпријатие „Водовод“ и кај м.в. „Смолево“ гореле ниска шума и сува трева. На територија на Гевгелија, два пожара – гореле дива депонија и сува трева. Во општина Ново Село, над селото Стиник гореле ниска шума и сува трева. Во кумановскиот регион, два пожара – кај „Пчињски Пат“ – гореле сува трева и притоа опожарен и камион и кај селото Пчиња, каде гореле сува трева и опожарена шупа. На територија на општина Старо Нагоричане, кај селото Нагоричени горела сува трева, појаснуваат од ЦУК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button