Регистрирани 141 случај со Ковид-19, еден починат, 94 оздравени пациенти

Во последните 24 часа (25/26.09.2020) се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 случај со Ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-8, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-2. Во болнички услови е починат пациент од Скопје на 79 – годишна возраст, соопшти Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-5, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-5, Тетово-8, Струга-3, Велес-5, Битола-7, Гостивар-4, Гевгелија-5, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Кочани-5, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-6.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17483, бројката на оздравени пациенти е 14516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2245.