ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Регистрирани 18 прекршувања на забраната за движење, 631 санкции за неносење маска

Од 22.00 часот (23.03.2021) до 05.00 часот (24.03.2021) констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие мерката за носење лична заштита на лице, ја прекршиле 631 лице.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.