ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19, починаа 6 пациенти

Во текот на последните 24 часа, од 2.456 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19, од кои 5 во Скопје. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 26 пациенти. Битката со Ковид-19 во последниве 24 часа ја изгубиле 6 пациенти.
Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.364 случаи, од кои 148.872 се излекувани, а 5.435 починале. Во нашата земја во моментов има 1.083 активни случаи.