ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 21 нови случаи на Ковид-19

Во текот на последните 24 часа, од 3.227 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 21 нови случаи на Ковид-19, од кои 3 во Скопје и во Куманово, 11 во Тетово, по 1 во Гостивар и во Велес и 2 во Струга. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 7 пациенти, а нема регистрирано починати лица позитивни на вирусот.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.823 случаи, од кои 150.139 се излекувани, а 5.487 починале. Во нашата земја во моментов има 197 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button