ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 237 нови случаи на ковид-19, починаа 8 пациенти

Во последните 24 часа се регистрирани 237 нови случаи со ковид 19 и осумина починати. Вкупно беа направени 1.525 тестови.

Advertisements

Дури и денеска, бројот на излекувани е голем. 460 лица ставија крај на борбата со корона вирусот, од кои најголем број се од Скопје и тоа 219 лица. Инаку, 19 пациенти се примени во центрите за Ковид во Скопје, поради компликации од вирусот, додека вкупниот број кои се лекуваат во болниците е 374 лица. Повеќето од нив се во посериозна состојба и се на терапија со кислород.

Бројот на хоспитализирани во Ковид центрите низ целата земја се намали во последните денови, додека има над 100 празни кревети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button