ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Регистрирани 3 нови случаи на Ковид-19, починаа 5 пациенти

Во текот на последните 24 часа, од 1.325 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 3 нови случаи на Ковид-19, сите од Скопје. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 45 пациенти. Битката со Ковид-19 во последниве 24 часа ја изгубиле 5 пациенти.
Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.272 случаи, од кои 148.709 се излекувани, а 5.413 починале. Во нашата земја во моментов има 1.150 активни случаи.