ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Регистрирани 6 нови случаи на Ковид-19

Во текот на последните 24 часа, од 1.650 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 6 нови случаи на Ковид-19, од кои 5 во Скопје и 1 во Кичево. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 27 пациенти, а нема регистрирано смртни случаи.
Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.716 случаи, од кои 150.100 се излекувани, а 5.486 починале. Во нашата земја во моментов има 130 активни случаи.