ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Регистрирани 62 прекршувања на забраната за движење, 482 санкции за неносење маска

Од 20.00 часот синоќа до 05.00 часот изутринава констатирано е дека 62 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак, мерката за носење лична заштита на лице ја прекршиле 482 лица.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.