ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Регистрирани неколку ученици позитивни на ковид

Министерството за здравство информираше дека од 1323 основци и средношколци досега опфатени со скринингот за откривање Ковид-19 во училиштата, вирусот бил потврден кај шест ученици во основното образование, а 1317 ученици биле негативни на тестот. Тестирани се 725 основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци од подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид.

Од Министерството посочија дека ги објавуваат досега обработените податоци за првите денови од скринингот, кој го прават центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава. Тие постапуваат согласно донесениот алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот.

– За поголем дел од центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот КОВИД-19 меѓу учениците во училиштата, наведува Министерството за здравство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button