ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Регулаторна ја соопшти новата цена на струјата

Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок ќе има зголемување од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, посочи дека со ова за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок нивниот трошок за електрична енергија ќе се зголеми за 0,4 проценти. За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок нивниот трошок на месечно ниво ќе се зголеми за 0,48 проценти и за 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок, нивниот трошок ќе се зголеми за 0,57 проценти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button