Регулаторна ја укина мрежарината за вишокот струја од фотоволтаиците
Регулаторна ја укина мрежарината за вишокот струја од фотоволтаиците

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да го укине трошокот на граѓаните за мрежарина кога во системот ја пуштаат вишокот електрична енергија која ја произвеле од сопствените фотоволтаици.
Оваа одлука според регулаторна важи и за домаќинствата но и за малите потрошувачи кои имаат инсталирано фотоволтаилни електроцентрали, и се стекнале со статус потрошувач производител на електрична енергија.
Целта на оваа мерка е да се стимулира населението да се одлучи да инсталира фотоволтаици на своите кровови и од обновливи извори на енергија, во случајов сонцето да произведуваат сами струја.
„ Со оваа одлука практично домаќинствата кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 6 кW и останатите потрошувачи кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 40 кW нема да плаќаат повеќе надоместок за користење на дистрибутивниот систем за вишокот на електрична енергија која што ја предаваат во мрежа“, велат од Регулаторна комисија за енергетика.
Според пресметките на Алсат, ако се знае дека регулираната просечна тарифа за дистрибуција на електрична енергија е нешто над 2,5 денари за киловат час, и во случај ако домаќинството пушти на мрежа еден мегават час кој му е вишок, тогаш тие заштедуваат околу 43 евра на месечно ниво.
Најголемиот проблем засега претставуваат административните бариери за добивање на дозвола за инсталирање на фотоволтаици. Реакциите во јавноста се дека многу се чека за добивање на градежна дозвола од Министерството за транспорт и врски и општините за поставување на фотоволтаици.
Инаку, Министерството за економија направи и промена во правилникот според кој, е дозволено да се инсталираат фотоволатици со моќност од шест мегавати наместо досега дозволените четири киловати.
Промена има и за малите компании кои наместо до 20 ќе имаат можност да инсталираат фотоволтаици со моќност до 40 киловати. Според информациите на Алсат за оваа мерка огласот ќе биде објавен кон крајот на август годинава.
Според проценките инвестицијата за инсталирање на фотоволтаици со моќност до шест мегавати е околу седум илјади евра, а државата досега субвенционираше до 30 отсто или до илјада евра од инвестицијата./Alsat.mk
Иле Петрески