ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Регулаторна објави – Ова е новата цена на струјата

Цената на струјата од Нова Година се покачува кај Третиот и Четвртиот блок, додека кај Првиот и Вториот се намалува, информираше на денешната прес конференција првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
„Кај домаќинствата, цената на електрична енергија за Првиот блок, се намалува за 4,11%. За Вториот блок се намалува за речиси 3%. Цената за Третиот блок се зголемува за 0,85% и за Четвртиот блок се зголемува за 7,65%“, рече Бислимовски.