Реисот Шаќир Фетаи упати порака по повод Курбан Бајрам

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод празникот Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека Курбан Бајрам е празник резултат на радоста за формирање на средина за жртвување на најскапоценото, од која произлегува љубовта кон Аллах, посветеноста на човештвото, хуманоста, моралот, мирот и достоинството.
– А исто време Курбан Бајрам не учи како да се бориме против сиромаштијата, скудноста, дискриминацијата, убивањето, војната, аморалот и други, кои се најлошите особини што можат да му се случат на човештвото. Сето тоа доаѓа од падот на свеста за жртвување на најскапоценото нешто за Бога и за доброто на човекот. Да се изврши Божји заповед, – колењето на курбан, значи висока духовна и морална подготовка за да им служиш на другите за едно живеење без злоупотреба, кражба, корупција, неморал, деструктивноста и да бидеш достоинствена личност за да ја носиш светата доверба во семејството и општеството со одговорност и жртвување на труд, знаење и чест, само за една цел, остварување на Аллаховиот идеал кој го движи протокот на доброто во текот на човечкиот живот, вели Шаќири.
Фетаи во пораката посочува дека празникот Курбан Бајрам е празник кој муслиманите го доживуваат со срце и душа, бидејќи не потсетува на многу настани од исламската историја, а еден од нив е завршување на објавата на Светиот Куран, со кој еднаш засекогаш биле поставени основите на усовршувањето на индивидот, семејството и здравото општество.