ЕКОНОМИЈА

РЕК – Битола, работи само со еден блок, другите два „исклучени“

Во моментов во функција е само еден блок во РЕК Битола, што значи дека најголемата термоцентрала работи со 1/3 од капацитетот за производство на струја, дознава Алсат.

Advertisements

Раководителите на ЕСМ и РЕК-Битола рекоа дека во моментов Блок 2 работи, додека Блок 1 е при крај на поправката и се очекува да биде пуштен во употреба до крајот на неделата.

Но, според директорот Пеце Матевски, се очекува опожарениот трансформатор од Блок 3 да се врати во функција во ноември.

Земјава продолжува да купува јаглен од Грција и Албанија, бидејќи рудата кај нас нема доволно калории (килоџули) за да се исполни максималното производство на електрична енергија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button