ВЕСТИРЕГИОН

Реката Драва на рекордно ниво во овој век, антикризните служби во готовност

На две мерни станици во Вировитичко-подравинската жупанија Драва го урна рекордот на водостојот во овој век, во некои делови се излеа, но не ги загрози станбените згради.

Advertisements

Околу полноќ сртот на водениот бран Драва ја поминал Терезина Поље во Вировитичко-подравинската жупанија, нивото на водата кај Ботово паднало за метар и пол и таму поминала вистинската опасност, јавуваат хрватските медиуми.

На мерната станица Терезино Поље водостојот на реката во 19 часот утринава изнесувал 314, а на станицата Врбовка 669 сантиметри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button