ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рекации од членови на ДУИ: Ахмети опкружен со „вечните“ функционери

Оваа слика од еден од собирите на ДУИ на која се гледа лидерот на партијата Али Ахмети опкружен со кадри кои никогаш не го напуштиле првиот ред, блиски до лидерот, ги иритираше другите членови и симпатизери на ДУИ. Ова беше и реакција на поранешниот директор на ЕЛЕМ Турс, Адем Авзиу, кој јавно побара освежување на првите редови.

Advertisements

„Мислам дека дојде време барем на средбите со народот да се освежат првите редови! Претседателот заедно со тесното раководство, секретарот и потпретседателите на партијата одржуваат средби со цел да разговараат со народот, да го слушаат народот, а не да ги слушаат оние поединци кои ги слушаат од 2002 година“, вели Авзиу.

Авзиу рече дека оваа загриженост ја делат и многу други членови на ДУИ. Во меѓувреме Авзиу денеска во изјава за Алсат како да го ублажи тонот, велејќи дека целта на реакцијата била да им се даде простор на граѓаните.

„Треба да го имаме граѓанинот како приоритет. Целта не ни е да ги окупираме првите места како поранешни функционери на ДУИ, туку да им дадеме простор и предните места да им ги оставиме на граѓаните, бидејќи на крајот тоа е целта на средбите што ги води нашиот претседател“, додава Авзиу.

Организацискиот секретар на ДУИ Блерим Беџети е меѓу оние кој учествуваат на речиси секој собир на партијата. Прашан зошто на собирите не им се дава простор на новите кадри, Беџети вели дека на тие собири секој има право на збор, додека протоколот на партискиот огранок кажува кој каде треба да седи.

„Младите, секретаријатот за родова еднаквост, ограноците, раководството на партијата, сите работат во оваа насока и сите имаат простор и ќе имаат. Ако размислите за каква било индивидуална реакција, реформи и промени отсекогаш имало, има и ќе има и тоа се прашања кои нормално ги разгледува раководството на ДУИ“, рече Беџети.

Коментирајќи ја оваа појава, политичкиот аналитичар Башким Селмани вели дека граѓаните не треба да се користат само за аплауз на собири. На секои четири години треба да се менуваат политичките фигури, за да донесат подобри резултати, вели Селмани.

„Преку партиските собири факт е дека политичките лидери се тие кои го создаваат тој амбиент и не треба да се привилегираат граѓаните, но за жал тоа се групи луѓе кои имаат големо искуство и се најбогата категорија во општеството и некако граѓаните ги гледаме како подредени кон тие личности, колку и да се автономни во нивните постапки“, рече Селмани.

Актуелната власт постојано бара од ДУИ времето во опозицијата да го искористи за реформи и расчистување на функционерите инволвирани во коруптивни афери.

Зекирја Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button