ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реките низ државата со загаденост од четврти и петти степен

Македонија може да се соочи со епидемија предизвикана од загадена вода, предупредуваат здравствените власти во земјава. Од Центарот за јавно здравје во Скопје со вознемирувачки податоци за квалитетот на водата во Вардар, Лепенец, Треска и Пчињa. Доктор Љупчо Костадиновски вели дека последните примероци покажале загадување од четврти и петти степен. Според него, од увидите на терен, забележани се остатоците од градежен материјал, угинати животни и разно ѓубре.

Advertisements

Резултатите се исти со години, а институциите не презмаат мерки за да го решат проблемот.

АЛСАТ контактираше и се обиде да добие одговор зошто чистењето на овие реки со години останува само препорака на здравствените власти без да се преземат конкретни мерки, но одговор не добивме од компанијата чија надлженост е управувањето со води.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button