СПОРТФУДБАЛ

Реконструкција кај Ливерпул, Арне Слот планира 100 млн евра за новите имиња

Ливерпул под водство на новиот менаџер Арне Слот, без сомнение, планира реконструкција на тимот со нови сили кои ќе донесат свежина согласно посакувањата на холанѓанецот меѓу „црвените“.

Па, токму затоа, Ливерпул веќе испратил понуда од 45 милиони евра за дефанзивниот играч за врска на италијанска Аталанта, Едерсон. Тимот од Бергамо бара за 24-годишниот бразилец нешто повеќе од 50 милиони евра, но јасно е дека двата клуба лесно би можеле да се договорат ако има сериозен интерес.

Добро упатени извори од Ливерпул, тврдат дека холанѓанецот нема намера да се потпре на засилувањето од минатото лето Ватару Ендо и сака клубот да донесе нов квалитетен дефанзивен играч за врска.

Во пакет со Едерсон, Ливерпул е заинтересиран и за уште еден фудбалер од Аталанта, Тун Копмајнерс. Интересот за Копмајнерс не треба да изненадува ако се знае дека соработуваше со Слот кога овој беше тренер во АЗ Алкмар. Тие двајца се во одлични односи од тој период и „црвените“ се надеваат дека новиот тренер може да биде предност во одлуката на Копмајнерс каде да ја продолжи кариерата, и покрај тоа што за него сериозен интерес пројавува и Јувентус.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button