ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
„Реконструкцијата е залудна, темелите на Владата се слаби“

Малкумина пратеници на владината коалиција денеска имаа реплики за колегите од опозицијата, затоа говорите одземаа помалку време. ВМРО-ДПМНЕ ја соочи власта со последните анкети, каде довербата во институциите и во ЕУ продолжува да паѓа.
Алтернатива ја напушти власта по договорот на премиерот за коалицирање со партијата на Арбен Таравари. Алијанса ќе има тројца министри и двајца заменици-министри, за кои треба да се дебатира и да се гласа по завршување на постапката за разрешување на министрите на Алтернатива.
Фатлуме Дервиши