КОШАРКАСПОРТ

Рекордeн број на странски играчи, дел од новата сезона на НБА-лигата

Рекордни 125 странски играчи ќе бидат дел од новата сезона во најквалитетната светска кошаркарска лига во светот, НБА. Сите 30 екипи во НБА имаат барем по еден странски кошаркар, а четврта година по ред бројот на играчи кои не се американци е најмалку 120.

Advertisements

Оваа сезона 43 земји ќе имаат барем еден играч во шампионатот, што е за три повеќе од лани. Најмногу странски репрезенти ги има Канада, која има и свој тим во лигата – Торонто Репторс. Вкупно 21 играч од Канада ја започнуваат новата сезона. Франција, Австралија, Германија и Србија следат по неа.

Вкупно, има 61 кошаркар од Европа и 17 од Африка, од кои пет од Камерун. Досега од Македонија само еден играч играл во НБА-лигата, тоа е Перо Антиќ кој го носеше дресот на Атланта Хокс./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button