ЕКОНОМИЈА

Реномираниот интернационален сајт Global Banking & Finance за првпат UNIQA Македонија ја закити со победничка награда за 2022 година – “Најдобар осигурителен бренд во Македонија”

Со ова признание, UNIQA уште еднаш ја потврди својата позиција како најдобар бренд присутен на пазарот за осигурување во Македонија.

Престижното признание, Global Banking & Finance го темели на повеќе критериуми меѓу кои, довербата на клиентите, квалитетот на дадената услуга, препознатливост во индрустријата, иновации и развој на продукти, општествена одговорност, стратешка предност во однос на конкуренцијата и висина на полисирана премија .

Advertisements

„Оваа награда од светски рамки и меѓународната титула во светот е вистинска чест за нашата Осигурителна Компaнија и доказ за доброто менаџирање, здравиот деловен модел, довербата на клиентите и посветеноста на тимот. Благодарен сум на нашите клиенти и сите мои колеги. Без нив ниту една награда не би била возможна.“ – изјави директорот Дритон Азизи.

Со ова меѓународно признание од Global Banking & Finance – се потврдува дека UNIQA Македонија чекори по европските стандарди за осигурување.

UNIQA Македонија е дел од Австриската осигурителна групација UNIQA (UNIQA INSURANCE GROUP), која во Европа е присутна со 40 друштва за осигурување во 18 држави.

UNIQA во Македонија е застапена преку две друштва за осигурување – “УНИКА АД Скопје” во сегментот на неживотното осигурување и “УНИКА ЛАЈФ АД СКОПЈЕ” во сегментот на животното осигурување, при што двете друштва се меѓу водечките осигурителни институции на македонскиот пазар на осигурување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button