ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реновираниот автопат Скопје – Куманово повторно стана крш

Реновираниот автопат Скопје – Куманово повторно стана крш

Автопатот Скопје-Куманово повторно се претвори во коловоз со дупки. Во најлоша состојба е делницата од патарината Миладиновци до патарината Романовце. Иако оваа делица беше санирана пред не повеќе од 6 години, се чини дека сега е уште повеќе уништена од остатокот од патот кој е изграден во времето на Тито. Додека возевме, изгледаше како да пловиме на брод во море.

Граѓаните секојдневно плаќаат милиони денари за да поминат низ овие амортизирани патишта. Ги прашуваме и велат- за што плаќаат? За овие дупки кои секојдневно газат по нашите автопати. Една од најоштетените делници е онаа од главниот град што води кон Куманово, во која со години не се инвестира, туку само е санирана на одредени места каде што имало масовни оштетувања на асфалтот.

Граѓаните се жалат дека скапо плаќаат на патарините за да си ги амортизираат автомобилите при секое патување. За двете насоки за патарини се плаќаат по 200 денари од автомобил. Оние кои работат секојдневно трошат и до 6.000 денари месечно или 1/3 од минималната плата.

„Нормално не мора да плаќаме. Ние што сме во Европа плаќаме како патна такса, ама автопатиштата се добри, овде се расипани, амортизерите ги уништивме“, рече еден граѓанин.

„Да, воопшто не вреди, но нема што да правиме. Што предлагате? Не треба да плаќаме! Ако го видите тука директорот што би му кажале? Би му кажал да си даде оставка!“, додаде друг граѓанин.

Од ЈП Државни патишта велат дека оваа патна делница не е предвидено да се санира оваа година. Оттаму велат дека за нејзино одржување надлежен бил ЈП „Македонија пат“.

Оваа патна делница беше целосно реконструирана во 2016 година, не само со асфалтен слој, туку и со чакал подлога, вклучувајќи ги и страничните делови на автопатот. Фирмата што ги изведуваше работи беше „СТРАБАГ Интернационал“ од Австрија со свои подизведувачи. Таа дала само петодишна гаранција за завршениот проект. Според меѓународните практики, целосно реконструиран автопат за кој биле потрошени милиони евра, треба да има најмалку 20 години гаранција./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button