
Откако „големиот, прекрасен“ закон тесно го усвои Сенатот, изменетата верзија беше испратена до Претставничкиот дом на гласање, а како што пишува АП, републиканците се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот за намалување на даноците и буџетот на претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до 4 јули.
Усвојувањето на законот беше обележано со бројни пречки, од кои најзначајна беше несогласувањето меѓу самите републиканци, а гласањето, кое започна во среда навечер, беше продолжено до денес бидејќи неколку републиканци одбија да го поддржат законот.
Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ги повика пратениците да донесат одлука што е можно поскоро, а Трамп се огласи на социјалните мрежи за да ги праша републиканците што чекаат и дека одложувањето на законот ќе ги чини гласови.