ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Решен проблемот со парното Скопје-Север!

Решен е проблемот со парното Скопје-Север, соопштија од дирекцијата на ова акционерско друштво. Одборот на доверители денеска напладне му даде зелено светло на директорот Богољуб Макревски, кој е водач на стечајната постапка на матичната компанија, да потпише техничко-деловна соработка со ЕСМ.
Според нив, во текот на денот се очекува да се форматира договорот за премин на Топланата од приватно во државно управување, поточно на Електраните на Северна Македонија, а во меѓувреме да се снабдат со природен гас за најдоцна до утре да има топлинска енергија во подрачјето на Чаир и Бутел.
Аднан Ќаили