ВЕСТИЗДРАВСТВО

Респираторни и стомачни инфекции ја наполнија Детска клиника

Расте бројот на пациенти со респираторни и цревни инфекции на Детската клиника. Директорот на клиниката Реџеп Мемеди истакна дека работат со полн капацитет, додавајќи дека како и секоја друга здравствена установа, и клиниката со која раководи се соочува со недостиг на кадар.

Advertisements

„Во клиниката имаме 24 часовен дежурен лекар, специјалисти и специјализанти, кои работат тимски, а вака е и во сите други терцијарни здравствени установи. Но, недостигот од кадар се чувствува и во нашата и во другите клиники. Министерството прави максимални напори да го ублажи недостигот на кадар преку нови вработувања во текот на целата година“, вели Мемеди.

Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека за надминување на состојбата наскоро специјализантите ќе можат да изготвуваат извештаи со име и презиме.

„Наскоро со „Мој термин“ ќе им овозможиме пристап и на специјализантите од сите универзитети и медицински факултети и тие ќе можат да изготвуваат извештаи со свое име и презиме, за да не биде како до сега специјализантот проверува и специјализантот е секогаш таму, но сепак оди со факсимилот на специјалистот. Очекуваме заедно со Лекарската комора во најкраток можен рок да ги подготвиме печатите за специјализантите“, рече Таравари.

Со зголемен број пациенти се соочува и Клиника „Козле“ каде во еден ден се вршат и до 200 контроли поради грип и разни вируси.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button