ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Реструктурирање на долговите на Македонска пошта и на МЖ-Транспорт

Две државни акционерски друштва и едно јавно претпријатие се дават во долгови, во кои вработени се вкупно 4.400 работници. Пошта има долг од околу 10 милиони евра,а има земено кредит од банка кој, според министерот за транспорт и врски Николоски, е лихварски и најави дека ќе почне репреговарање на овој кредит.

Advertisements

Во врска со трите претпријатија кои се во негова надлежност, „Пошти“ и двете железнички – „Транспорт“ и „Инфраструктура“, Николоски најавува анализа на состојбата и помош од буџетот за да се најде решение за проблемите во кои се овие претпријатиј. АД „Македонски железници – транспорт“ е најголемиот должник во земјава. Според извештајот на Министерството за финансии, претходната година завршиле со долг од речиси 4 милијарди денари, односно речиси 65 милиони евра. Во однос на тоа дали вработените ќе земат плата и дали има некое решение Николоски кажа дека нема да дозволи 4,400 семејства да останат без приходи.

Двете акционерски друштва имаат заем од други државни претпријатија како „МЕПСО“, Државна лотарија, М-НАВ. Други долгови се кредити добиени од приватни банки. Министерот бара интервенција на истражните органи за злоупотреба на средства во овие три фирми.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button