ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Ретроградна Венера од 1-ви март – Како ќе влијае на секој хороскопски знак?

Ретроградната Венера започнува на 1 март и ќе трае до 12 април.

Advertisements

За разлика од последната ретроградна Венера во Лав во летото 2023 година, овој пат ретроградното движење ќе помине низ два хороскопски знака – Овен на 1 март и потоа Риби на 27 март.

Како Венера ретроградно ќе влијае врз вашиот хороскопски знак, според астролошките прогнози:

Овен

Овен, очекувајте големи промени за време на оваа ретроградна Венера.

Вашиот целокупен поглед на љубовта и врските ќе биде целосно изместен, па затоа е најдобро да не донесувате големи одлуки во тие области.

Ова е добро време да анализирате и повторно да се поврзете со ситуации или луѓе од минатото.

Кармата, било добра или лоша, може да се врати за да се соочите со неа.

Бик

Бик, подгответе се за интензивен период.

Венера е ваш владетел, па ќе имате важни животни лекции за љубовта, интимноста и врските.

Во првите седмици, ќе се соочите со кармата во врска со тоа како сте се однесувале во љубовните односи во последниве години.

Вашата интуиција ќе биде особено активна, па внимавајте на неа.

Откако Венера ретроградно ќе се премести во Риби, ќе се навратите на минати ситуации – со пријатели, во социјалниот живот или со поранешни партнери и може повторно да се запали искра со некој што се враќа во вашиот живот.

Близнаци

Близнаци, оваа ретроградна Венера може да ви го потресе социјалниот живот, особено во првите неколку седмици.

Ќе имате конфузија околу вашите амбиции, добиени признанија и кариерни цели.

Темпото ќе ви се забави и ќе добиете можност да го преиспитате начинот на кој се претставувате пред светот.

Рак

Ракови, ова ќе биде време да ги анализирате подлабоко вашите цели.

Можно е да се преиспитувате како да се искачите погоре по скалилото на поле кариера и да работите на тоа како ве гледа светот.

Размислете за одложување на некои амбициозни проекти за подоцна во годината, бидејќи тие може да бидат подобро прифатени подоцна.

Ова ќе биде идеален период и да ги посетите роднините во странство или дестинациите што одамна ви се на листата.

Лав

Лавови, ова може да биде збунувачки период за вас.

Ќе бидете фокусирани кон раст и личен развој на почетокот на оваа ретроградна фаза.

Ова ќе биде поволен период за вас, кој можете да го искористите за нови идеи, визии за истражување и патувања.

Сепак, оваа ретроградна фаза ќе ја разбранува ситуацијата во вашиот живот и ќе предизвика конфузија или преиспитување на интимниот живот, финансиите, инвестициите или големите парични трансакции.

Девица

Девици, вниманието ќе ви биде насочено кон градење на стабилни врски за време на оваа ретроградна Венера.

Ќе имате лоши ситуации на поле финансии или проблеми при решавање на прашањата за заеднички буџет со партнерот.

Подоцна, фокусот ќе се префрли кон тоа како со ширум отворени очи не гледате дека некоја личност од околината е вљубена во вас.

Постои можност и некоја стара љубов да ви се врати во животот или вие да сакате да ја вратите.

Вага

Ваги, ќе се соочите со промени во сите аспекти од вашиот живот бидејќи Венера е ваш планетарен владетел.

Кога Венера ќе биде ретроградна во Овен, ќе се преиспитувате за стабилноста на вашите партнерства, без разлика дали се работи за бизнис или љубов.

Можно е да добиете повик од некоја личноста, која воопшто не ја гледавте како погодна за љубов, но ќе испадне дека е така.

Кога Венера ќе се врати во Риби, можно е во рутините, обврските или на работа да доживеете хаос и потреси.

Скорпијa

Скорпии, подгответе се за необична ретроградна Венера.

Ќе имате потреба од преиспитување на вашите дневни рутини, обврски или работни проекти, а ова ќе биде одлично време да се поврзете со стари колеги, работодавачи или соработници.

Венера ќе го размрда вашиот љубовен живот и ќе стави крај на стагнацијата и конфузијата околу вашите романтични врски.

Можно е да се појават стари љубови пламени и средби со луѓе од ваши минати авантури, а можно е да ја освоите и личноста која еднаш ви „избега“.

Стрелец

Стрелци, оваа ретроградна Венера може да донесе носталгични емоции за вас.

Вашиот љубовен живот може да ви изгледа помалку возбудлив од порано.

Сепак, има шанси да се појави можност да ја разгорите искрата со некој што веќе е во вашиот живот, но го гледате само како пријател.

Ќе бидете насочени кон семејството, домот и корените. Оттаму ќе ја црпите потребната енергија.

Јарец

Јарци, ретроградната Венера може да создаде хаос во вашето семејство, домот и врските со блиските луѓе.

Оваа енергија може да ве натера да се навратите на нерешени проблеми од минатото или да размислувате за вашето детство.

Ако сакате да обновите врска со член на семејството, ова може да биде поволно време за тоа.

Подоцна, фокусот ќе го префрлите на браќата и сестрите или на блиските пријатели, кои ги чувствувате како браќа и сестри.

Водолија

Водолии, ќе бидете погодени од желбата за патување за време на оваа ретроградна Венера.

Овој период ќе биде идеален за повторно посетување на дестинации што ги паметите по убаво и од каде носите многу спомени.

Ќе насочите поголемо внимание на вашите финансии и имот.

Можно е повторно да тргнете во потрага по предмети од минатото – ќе ви се разгори желба за винтиџ работи.

Риби

Риби, кога ќе започне ретроградната Венера ќе бидете повеќе фокусирани на парите, приходите и материјалните работи.

Може ќе откриете дека некои исплати од клиентите или финансиските прашања ќе се одложат.

Сите работи поврзани со убавината, љубовта и врските ќе ви бидат изместени кога Венера ќе влезе во вашиот знак.

Нема да гледате ништо јасно, а можеби ќе се соочите со чудни луѓе или ситуации од минатото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button