ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ревизија на субвенциите во земјоделството

Министерството за земјоделство ја реформираше програмата за субвенционирање и покрај основната поддршка по хектар земјоделско земјиште, сега ќе се дава дополнителна финансиска помош за земјоделски култури, под услов продажбата да се врши на овластени пунктови. Министерот Љупчо Николовски, рече дека контролите ќе треба да ги остранат од списокот корисниците кои имаат земја, а не произведуваат ништо, а ќе се намали и купопродажбата на црно на производи кои се толку неопходни за храна.

Advertisements

Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, годинава се посеани над 78 илјади хектари пченица и над 48 илјади хектари со јачмен. Во однос на минатата година, има благ пораст на одгледувањето на овие житни култури, но и натаму е далеку од задоволување на потребите на домашниот пазар. Како резултат на конкуренцијата, амбарите на мелничарите се полнат со увоз од соседните земји, кои се ослободени од царина, од каде пченицата се откупува по 12 денари за килограм. Но, како и да е, граѓаните плаќаат поскапо за леб и производи од брашно, бидејќи државата не ги коригира цените на пазарот.

Предвидено е 30% од субвенциите да се даваат при аплицирање, а останатиот дел – секој месец на 10 илјади фармери. Предвидено е неискористените приватни земјишта, со согласност на сопствениците, да се дадат под концесија за земјоделство. Иако нашата земја има околу 600.000 хектари земјоделско земјиште, според аграрите, само половина од нив се обработува. Годинава се засадени 6.000 хектари сончоглед за масло за јадење, но тие се само 20 отсто од пазарната побарувачка што го троши населението во Македонија.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button