ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ревизија на законот за игри на среќи

Ревизија на законот за игри на среќи

Новата влада подготвува законски решенија за ревизија на сето она што го направи претходната влада во однос на игрите на среќа. Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека законите се прекршени, па затоа најави сеопфатна анализа подвлекувајќи дека ќе има одговорност за сите прекршители.

Предлог-законот за коцкање предвидуваше преместување на коцкарниците на 500 метри од образовните и верските институции, што за тогашната опозиција, беше протолкувано како измама, зашто со законот коцкањето не се одалечуваше од децата и младите, туку им стануваше подостапно преку онлајн. ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН критикуваа дека предлогот е камуфлажа за легализирање на нелегалните коцкарски активности кои директно се поврзуваа со првиот вицепремиер Артан Груби и неговите блиски луѓе. Овој предлог- закон прво помина во Собранието, но потоа не доби согласност од поранешниот претседател Стево Пендаровски, кој одби да го потпише, поради злоупотреба на европското знаме. Законот во третото читање не успеа да го помине филтерот на Собранието бидејќи за него гласаа само 51 пратеник а беше потребно мнозинство од 61 глас./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button