ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ревизија: Нерегуларности во финансирањето на политичките партии

Политичките партии со бројни нерегуларности во нивното финансирање. И во извештајот за 2021 година, Државниот завод за ревизија констатираше неправилности во собирањето на средства од страна на политичките партии. Од ДЗР велат дека се сомневаат во објективниот приказ на  финансиските извештаи на партиите и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната правна регулатива. Според ревизорот, ДУИ собирала чланарина од членовите во  износи поголеми од дозволените со закон, а за дел од средствата нема докази за извршените уплати.

Advertisements

Слични финансиски проблеми ревизијата констатирала и кај СДСМ, каде се нагласува дека начинот на кој се собираат членарината не овозможува целосна контрола на исплатите. Кај Сдсм  се забележува дека за дел од изградените објекти на партијата не е решена сопственоста и истите не се заведени во евиденцијата.

Од ДЗР велат дека во ВМРО-ДПМНЕ не можат да спроведат целосна ревизија поради тоа што дел од имотот е замрзнат од надлежните органи. Затоа, му препорачуваат на раководството на партијата по завршувањето на постапките во надлежните тела веднаш да го пријават својот имот во ДЗР.

За Алтернативата, Ревизија утврдила дека и понатаму со финансиите управува врз основа на законот за непрофитни организации.

По објавувањето на извештаите за четирите партии, ДЗР вели дека земјата бележи историско ниво на нерегуларности во финансирањето на партиите кај кои во оптек се милиони евра. Затоа, тие препорачуваат државата да го регулира начинот на финансирање на тоа како политичките партии собираат пари од членството и донации.

„Државата треба да го регулира начинот на кои политичките партии собираат пари од членства и донации, бидејќи сегашните правила не дозволуваат контрола на нелегалните приливи на пари и начинот на кој тие се прават не е доволно транспарентен“, велат од ДЗР.

За нерегуларностите алармираше и ОБСЕ/ОДИХР со барање за измени на Законот за финансирање на политичките партии за време на изборните кампањи.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button