МАКЕДОНИЈА

Резултатите од обдукцијата на Вања и Панче пристигнаа во ОЈО

Институтот за судска медицина до ОЈО ги достави обдукциските извештаи за двојното убиство. Три недели откако беа извршени обдукцијата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, кои беа пронајдени убиени во околината на Скопје и Велес. Оттаму соопштуваат дека обдукциските извештаи се дел од истрагата што скопското јавно обвинителство ја води против Љупчо Палевски – Палчо, главниот осомничен и уште петмина други.

Убиството на Вања се случи на 27 ноември, а на Панче пет дена претходно, односно на 22-ри. Од Обвинителството не соопштуваат детали, но велат дека овие извештаи се многу важни за целосно расчистување на случајот.

„Извештаите од аутопсиите се пристигнати од Институтот за судска медицина и веднаш му се предадени на надлежен обвинител. Нема да се објавуваат детали, двата извештаја имаат исклучителна важност за документирање на двојното убиство“, велат од Обвинителството.

Љупчо Палевски е во притвор во Турција и се очекува негова екстрадиција. Уште петмина осомничени се во притвор во Шутка. Истрагата за убиството на девојчето и велешанецот започна на почетокот на месецов и во неа освен Палевски, кој е осомничен за кривичните дела „грабнување“ и „брутално убиство“, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски се осомничени за соучество. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓурчевски, кој е осомничен за истото дело, односно за помагање. Во притвор е и возачот Стефан Димковски кој го превезувал Палевски од Србија во Турција.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button